Претседателот на Фондациите Отворено општество – Њујорк, Патрик Гаспард и Александар Сорос, филантропист и син на Џорџ Сорос ја посетија општина Шуто Оризари.
– Во кратката агенда која ја имаа за посета на Македонија, Гаспард и Сорос ја посетија и нашата општина. Со нив беа претставници од канцеларијата на РИО Будимпешта и ФООМ. Во двочасовната агенда која ја планираа за нас, разговаравме за развојните планови на општината, посетивме локално население од месноста Брсјачка буна и им ја покажавме локацијата каде ја планираме првата индустриска зона – информира градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој истакна дека е горд што претседателот на Фондацијата Отворено општество и синот на милијардерот Џорџ Сорос биле гости на општината населена со претежно ромско население
– Отворено ги разговаравме можностите за заедничка соработка. Воедно, пренесовме и покана до господинот Џорџ Сорос да ни биде гостин во следна прилика – нагласи градоначалникот Дудуш.