Македонија 28. октомври 2020. / 17:09

Сопругата на министерот Спасовски во самоизолација

Сопругата на министерот Спасовски во самоизолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека издал само едно решение за самоизолација, по епидемиолошката анкета на лицата кои изминатите денови биле во контакт со министерот Оливер Спасовски.

Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата.

Со оглед на тоа што тие не го открија идентитетот на лицето, станува збор за сопругата на министерот Спасовски, објави Фокус.

Пред два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на ковид-19 и дека има благи симптоми на болеста.