Македонија 07. декември 2018. / 17:04

Сопот: СДСМ ги апсеше во 2003 година, а сега ќе им исплаќа штета со пари од граѓаните

Сопот: СДСМ ги апсеше во 2003 година, а сега ќе им исплаќа штета со пари од граѓаните

Сопотчани ја тужеа државата. Институцијата на Државниот правобранител ја започна постапката. „Алсат М“ дознава дека првата седница е закажана на 24 декември. Известувањето од Државниот правобранител во овој оддел беше испратено на 28-ми ноември. Сепак, Министерството за правда сè уште нема институционално мислење во врска со тужбата, иако седницата е закажана. Од Министерството за правда велат дека до кабинетот на министерката не дошло писмо писмо и во моментот кога истото ќе пристигне, тие ќе ја известат јавноста. Правдата ги прекршува законските рокови бидејќи мислењето побарано побарано од Народниот правобранител ги обврзува институциите да одговорат во рок од 5 дена во согласност со законот.

Во меѓувреме, Народниот право бранител до Владата поднел барање за договор меѓу страните со цел да се избегне судскиот процес и судските трошоци. Владата вели дека барањето сè уште не е пристигнато, но не ја исклучува можноста да биде во архивите на извршната власт и до понеделник може да биде прифатено од кабинетот на премиерот.

По одбивањето на барањето за надомест од страна на Министерството за правда, сопотчани одлучија да барат судско решение. Нивниот адвокат побара надомест од 12 илјади денари за еден ден поминат во затвор.

„Алсат“ дознава дека Врховниот суд доделил вкупна вредност за штети од 3-6 илјади денари за еден ден затвор. Понудената вредност не е исклучиво определена за случајот Сопот, туку за сите судски случаи против државата. Доколку Владата и сопотчани постигнат договор за надомест на штетата, судењето завршува на првата седница.