Македонија 05. јануари 2020. / 16:09

Соопштение од Бихаќка: На 12 април, граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ

Соопштение од Бихаќка: На 12 април, граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ

Опозицијата е заглавена во режимската матрица, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ испратено попладнево.

Оттаму велат дека дури и на верски настан Мицкоски се заканува со враќање назад во темното минато, поништување на Договорот од Преспа, уништување на НАТО и ЕУ перспективите и враќање во изолација и режим.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режим, криминал, деструкции, изолација, неизвесност, сиромаштија и граѓаните тоа јасно го гледаат, се вели во соопштението.

Од партијата порачуваат дека на 12 април граѓаните ќе порачаат-режим никогаш повеќе и ќе потврдат дека сакаат развој и европска иднина со СДСМ