Експратеничката на СДСМ, Софија Куновска, денеска индиректно прашува зошто сите жешки прашања му се упатуваат на премиерот Зоран Заев, а никој ништо за актуелните политички теми не ја прашува вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
Куновска зборува за нов правец во политиката, кој го нарекува „зајорадаризам“, кој што најверојатно произлегува од соработката меѓу премиерот и вицепремиерката.
„За новиов правец ‘зајорадаризам’ ќе биде потпрашана и она нешто или и натаму за Богородица ќе си ја рачунаме?“, пишува иронично Куновска, според која, кај дел од јавноста потпретседателката на Владата се смета за светица и затоа не ѝ се упатуваат тешки прашања.
Куновска беше висок функционер на СДСМ и влијателен член на партијата сè додека за претседател не дојде Заев, а за потпретседател Шеќеринска.