Македонија 03. април 2020. / 23:03

Социјалните мрежи зовреа откако кумaнoвци имaа двa чaсa дa се спремaт зa целoсен викенд кaрaнтин

Социјалните мрежи зовреа откако кумaнoвци имaа двa чaсa дa се спремaт зa целoсен викенд кaрaнтин

Вие сте болесници, тотално промашување, хаос по маркетите, непрофесионално, не можеше од вчера да се стави до знаење дека ќе биде вака…

Ова се само дел од реакциите на социјалните мрежи откако Владата нецели 3 часа пред полицискиот час соопшти дека во Куманово ќе биде во карантин до понеделник.

Наместо мерка за спречување на ширење на корона испадна потенцијална закана за жителите на Куманово кои навалија во маркетите да обезбедат потребните намирници кои ќе им бидат потребни за викендот.

Така во градот се создадоа колони возила и редици од луѓе пред маркетите со цел да купат доволно намирници за да може да го поминат дома викендот.