Некатегоризирано 22. октомври 2020. / 10:35

Собраниските лаптопи биле набавени со швајцарски пари од донација

Собраниските лаптопи биле набавени со швајцарски пари од донација

Собраниските 100 лаптопи кои неодамна биле набавени од Парламентот биле набавени со швајцарски пари како дел од донаторски проект склучен меѓу парламентот и Швајцарска амбасада во јули 2019 година, тврди собранискиот спикер Талат Џафери, пишува Сител. Набавката била направена врз основа на програмата за поддршка на Собранието врз основа на проект и стратешкиот олан за работа.

Лаптопите се за потребите на службениците, немаат никаква врска со пратениците, а најмалку пак за онлајн седници кои сега се споменуваат. Набавката е направена согласно правилата на Бирото за јавни набавки. На набавката не се засместува ДДВ бидејки е донација – вели Џафери.

Собранието лани во јули 2019 година склучило меморандум за соработка со Швајцарската амбасада вреден 11 милиони швајцарски франци кои треба да бидат потрошени во 10 години за јакнење на капацитетите на Собранието и истиот бил објавен веднаш на веб страницата на Парламентот.