Македонија 09. ноември 2018. / 14:46

Собранието не прифати да се расправа за законот за амнестија на крвавиот четврток

Собранието не прифати да се расправа за законот за амнестија на крвавиот четврток

Пратениците со 50 гласа против не изгласаа да се расправа за предлог законот за амнестија на лицата обвинети, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април, предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Мицевски, кордонатор на ВМРО-ДПМНЕ, потсети дека предлогот на закон за амнестија по скратена постапка е доставен пред неколку дена, а дека спротивно на законските прописи, собранискиот спикер Талат Џафери не го предложил за дневниот ред на денешната седница.

– Сведоци сме дека седум, осум закони поминаа по скратена постапка денеска, иако информациите за нив ги добивме предмалку – реагираше Мицевски потсетувајќи на интенциите за политичко помирување иницирано од премиерот Зоран Заев.

Тој порача дека поддршката на овој закон е во насока на помирување, а во спротивно ќе значи дека сѐ било политикантство и играње со нечии судбини.