Македонија 30. август 2018. / 14:59

Собранието набави две нови луксузни лимузини

Собранието набави две нови луксузни лимузини

Собранието се поднови со две нови возила, поточно две лимузини седан, марка FORD Mondeo Trend, по цена од 50.000 евра за едно возило.

Договорот за набавката на лимузините, произведени 2018 година, денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а бил склучен на 19 јули, со застапникот за Македонија во Скопје.