Ѓраѓаните на Република Македонија преку коментарите на социјалните мрежи не можат да се изначудат од апсурдните одлуки и решенија на Владата предводена од СДСМ.
Имено додека Владата сака да воведе полициски час кој би започнал од сабота а би завршил во понеделник, поради празникот Бајрам кој го слави муслиманската заедница во Македонија. Значи цели три дена треба да бидеме во домашен ,,притвор” (од сабота до понеделник), но од вторник наредниот ден можеме слободно со друштво да отидеме во кафана или кафуле. Македонија имала многу апсурдни одлуки од својата независност, но се чини дека оваа е една од најголемите.
Кој е ефектот што се постигнува ако три дена луѓето седат во своите домови, а од вторник сите во исто време заедно, отидат по кафани и ресторани каде ќе има голема раздвиженост и каде луѓето имаат поголеми шанси да се заразат со коронавирус, заради гужвите и големата раздвиженост?
Овие нелогичности и апсурди имаат смисла само за власта на СДСМ бидејќи пред народот сакаат да прикажат слика дека се е во ред во Македонија, работат кафаните, кафулињата , па сега зошто да немаме избори ако се друго во државава работи?
Но и тука имаат проблеми со фактите, имено во Македонија не опаѓа бројот на заразени и починати од коронавирус во Македонија. Напротив нашата земја на 1 милион жители има највеќе починати луѓе споредено со било која држава во регионот. Македонија за пет дена има 13 починати од коронавирус! Слични бројки имаше во Македонија кога се воведе вонредната состојба.
Според денешниве податоците на www.worldometers.info, Македонија има 53 лицa починати на милион жители од коронавирус , Грција има 16, Бугарија има 17, а Србија има 27 лица починати од коронавирус на 1 милион жители , покажуваат денешните податоци . Но и покрај овие бројки, Владата на Заев е решена уште наредниот ден, по завршувањето на полицискиот час, да ги отвoри кафаните и кафулињата.
Ако сега Македонија има 53 лица починати на милион жители, сигурно отварањето на кафаните нема да го намали овој број на починати туку напротив ќе го зголеми.