Македонија 11. февруари 2021. / 12:19

Со презентирање докази од обвинитлството, продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“

Со презентирање докази од обвинитлството, продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“

Со презентација на докази од обвинителството денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”.

Застапникот на обвинението обвинителката Маја Коневска, на денешното рочиште презентираше материјални докази од извештаите коi обвинителството ги добилo од МВР-БЈБ.

Одбрана на осомничената Фросина Ременски, по презентацијата на овие материјални докази реагираше и истакна дека обвинителството свесно го крши ЗКП и издава наредби за вештачење до МВР на лица за кои судот кажа дека не се вешти лица, не се лиценцирани од Министерството за правда и дека не изготвуваат вешти наоди и мислења.

Првообвинет во овој судски предмет е Бојан Јовановски, кој од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција се сомничи за кривичните дела ,,измама” и ,,перење пари”. Меѓу осомничените е и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која се гони за кривичното дело ,,измама”.

Следното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз” е закажено за 24 февруари.