Македонија 20. декември 2018. / 14:53

Со овие амандмани ќе се менува уставниот закон

Со овие амандмани ќе се менува уставниот закон

Уставниот закон за спроведување на амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа, денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања, која вчера ги изгласа сите четири предлог-амандмани за уставни измени, објави АлсатМ.

До Собранието во законскиот рок пристигнале седум амандмани и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.