Технички проблеми. Тоа е кусиот одговор што го добиле дел од граѓаните кои деновиве дошле да си ги подигнат личните карти во управните служби на МВР кај МТВ, пишува Телма.
Неофицијално им било кажано дека се потрошиле пластичните обрасци од кои се изработуваат личните карти. Стравуваат дека може да имаат проблеми со истечена лична карта. Екипата на Телма сретна и граѓани кои немале проблем со личните документи . Дел платиле за во итна постапка.
Од МВР признаваат дека периодов издавањето на лични документи се добива со забавено темпо, но најавуваат дека од понеделник пристигнува првата пратка на обрасци. Нема конкретен одговор зошто е содзаден овој проблем.
Согласно спроведената постапка склучена е Рамковната спогодба на 05.12.2019 како и Договор нарачка на 11.12.2019 склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи. Конкретно за испораката на лични карти прва испорака е во понеделник на 20.01.2020 а потоа следат континуирани испораки од сите обрасци на лични документи. Од овие причини во периодов издавањето на лични документи се одвива со забавено темпо но согласно Законот за лични карти и подзаконските прописи и по секое поднесено барање се постапува согласно законот, велат од МВР