Македонија 22. август 2019. / 12:52

Со кого Катица Јанева ја дели затворска ќелија?

Со кого Катица Јанева ја дели затворска ќелија?

Во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, од синоќа во 30 дневен притвор е осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Поради нејзината специјфична улога во општеството, запазен е безбедносниот аспект и е сместена во ќелија со уште една жена, велат за „Слободен печат“ од скопскиот истражен затвор.

Од затворот додаваат дека општата здравствената состојба на Јанева е добра и дека редовно ја прима препишаната терапија од лекар.