Македонија 27. јули 2018. / 17:14

Со или без ВМРО ДПМНЕ, референдумот се распишува во понеделник

Со или без ВМРО ДПМНЕ, референдумот се распишува во понеделник

Референдумот на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат за договорот за името со Грција, ќе биде распишан во понеделникот на собраниска седница, а се очекува дотогаш да биде постигнат и договор како ќе гласи референдумското прашање.

Многу веројатно е дека референдумското прашање ќе гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, кое го соопшти и премиерот Зоран Заев.

„Дека се преговара на парламентарно ниво вчера потврди и премиерот Зоран Заев, па најверојатно ќе се чека до последен момент за евентуален компромис.

Ако не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ, на референдум ќе се оди без оваа партија.