Македонија 02. ноември 2020. / 20:21

Смртноста во Македонија еднаква на Италија во март

Смртноста во Македонија еднаква на Италија во март

21 починат од коронавирус е денешниот биланс во Македонија.

Од ден на ден нашата држава се соочува со црни биланси како на заболени така и на починати од вирусот.

Имено денешните 21 починат од коронавирусот на 2 милиони жители е еднаков како италијанскиот, кога имаа 630 починати на 60 милиони жители.

На овие бројки македонските власт остануваа при уши „глуви“ и при очи „слепи“. Здравството е пред колапс, докторите се преморени, медицински кадар се помалку, ама затоа тендери и набавка на моментално не потребни работи не сопира.