Македонија 18. април 2018. / 11:45

Слободата на монструмите од Смилковско езеро – акција за целосно исполнување на Tиранската платформа

Слободата на монструмите од Смилковско езеро – акција за целосно исполнување на Tиранската платформа

Низа скандали го следат судскиот процес за случајот „Монструм“, во кој вчера, родителите на починатите деца вчера на суд тврдеа дека премиерот Зоран Заев им покажал транскрипт од разговор на осомничените со функционерот на ДУИ Невзат Бејта, а им открил дека во исто време Заев им кажал оти осомничените телефонски комуницирале со уште четворица функционери на ДУИ.

Инаку, Тиранската платформа во која се застапени интересите на сите албански политички партии во Република Македонија, беше предуслов за формирање на влада, по парламентарните избори, одржани во декември 2016 година. Во оваа платформа, сите албански политички партии потпишаа 2о точки кои беа предуслов за формирање на влада.

Една третата точка на платформата, која се однесува на зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредокот во Евро-атланските интегративни процеси, стои услов да се расветлат судските случаи “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово”, преку истражен комитет или независно меѓународно тело.

Иако за „Монструм“ имаше правосилна пресуда, според која обвинетите со докази беа осудени, по формирањето на владата случајот беше вратен на повторно судење, што отвора сомнеж дека извршната власт поради платформата од Тирана направи директна интервенција во судската.

Политичките партии Беса и ДПА, како што е познато, интензивно преговараат за влез во Владата. Со тоа, сите албански партии во Македонија ќе станат дел од највисокиот извршен орган.

Љ.З