Македонија 10. ноември 2020. / 17:34

Следува студен бран во Македонија – метеоролозите со нови најави за времето деновиве

Следува студен бран во Македонија – метеоролозите со нови најави за времето деновиве

Со подлабокото навлегување во месецот ноември, така и температурите наутро се се пониски и пониски, што значи дека истите одат кон оние зимски вредности. Поради ведрите ноќи и утра забележана е и првата појава на мраз овие денови низ државава во раните утрински часови, информира метеорологот Славчо Попоски.

Најниска температура во текот на денешното утро е регистрирана во Берово, каде се измерени – 5 степени. Највисока температура е регистирана в Охридскиот регион, таму се измерени 4 степени.

Температури под нулата на некои места се очекуваат и во текот на следните утра и ноќи, со што ќе има нова појава на мраз а има услови и за појава на слана поради влагата во воздухот која особено ја има во вечерните и во ноќните часови.