ЕуроНикел со отворено писмо ја информира претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева дека ќе поднесе тужба против Транспаренси Интернешнл – Македонија и нејзиниот претседател Слаѓана Тасева, за клевета. Откако претходно со официјален допис ЕуроНикел побара од Тасева јавно повлекување на изјавата дадена на 25 април, 2018 година и извинување за изнесената клевета, компанијата се до денешен ден не доби никаков повратен одговор.
Верувајќи во исправноста и реномето на оваа организација како и во статусот на Слаѓана Тасева, ЕуроНикел пред поднесување на правниот акт даде доволно простор и време за да бидат повлечени сите невистини поврзани со компанијата.
Спротивно, и Транспаренси Интернешнл-Македонија и Тасева продолжија одлучно и неосновано да го напаѓаат не само Еуроникел и компанијата основач ГСОЛ, туку и јавниот процес пропишан со закон кој строго и транспарентно беше спроведен од сите учесници во стечајната постапка. Транспаренси Интернешнл-Македонија и Тасева целосно ги игнорираат фактите кои јасно укажуваат дека ГСОЛ/Еуроникел јавно, транспарентно и недвосмислено во целиот изминат период ги искажува своите деловни намери за преземање на Фени Индустри, согласно важечката легислатива на Република Македонија и правилата на стечајната постапка.