Македонија,Скопје 30. септември 2019. / 15:01

Скопски паркинзи со важна вест за возачите

Скопски паркинзи со важна вест за возачите

Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје.

Како што соопшти „Градски паркинг“, работното време за зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот.

На јавна површина наменета за паркирање во зона Д, работното време останува исто или од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00 часот.