Скопје и натаму е градот во Македонија во кој има најголем дневен пораст на новозаболени од корона вирус. Од 153 новозаболени во последните 24 часа дури 66 се во главниот град.
Алармантна е ситуацијата и во Тетово, каде што денеска има 20 нови заразени, а големи броји има и во Куманово и Штип, градови во кои се забележани по 13 нови позитивни, како и во Ресен каде што има 12. Во Охрид и во Струга има по седум, Во Кичево шест, Свети Николе три, во Прилеп два, додека во Битола, Крива Паланка, Кочани и Пробиштип има по еден новозаразен.
Со денешните бројки, од почетокот на епидемијата во Македонија се забелажани вкупно 5.595 заразени, бројката на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.
Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2730, активни 1800
• Куманово 723, активни 268
• Дебар 83, активни 31
• Штип 290, активни 184
• Прилеп 240, активни 20
• Тетово 603, активни 355
• Струга 389, активни 107
• Велес 171, активни 30
• Битола 44, активни 15
• Охрид 131, активни 107
• Кавадарци 11, активни 5
• Гостивар 91, активни 52
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 13, активни 7
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 63, активни 27
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 20, активни 18
• Кичево 16, активни 12
• Ресен 85, активни 83
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)