И во најновите податоци за дневниот биланс за новите позитивни случаи во убедливо водство е Скопје. Од вкупно 205 нови заразени, откриени при 1728 тестирања, 60 се во главниот град.
Сепак, тоа што е карактеристично за иминатите 24 часа е алармантниот број на нови заразени Свети Николе, каде што има дури 29 позитивни, како и во Гостивар, каде што за 24 часа бројката на позитивни пораснала за 23 случаи.
Големо дневно зголемување на заразените има и во Дебар – 17, Куманово и Тетово по 13, во Струга има 12, додека во Штип има 10. Во останатите градови има едноцифрено зголемување, а распределбата е следна:
Кичево-7, Велес-3, Битола-3, Ресен-3, Прилеп-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Охрид-1, Кавадарци-1, Струмица-1, Крушево-1, Македонски Брод-1, Берово-1.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3716, активни 1871
• Куманово 831, активни 164
• Дебар 137, активни 76
• Штип 421, активни 161
• Прилеп 291, активни 59
• Тетово 844, активни 324
• Струга 300, активни 147
• Велес 201, активни 38
• Битола 68, активни 27
• Охрид 219, активни 133
• Кавадарци 23, активни 15
• Гостивар 211, активни 128
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 19, активни 11
• Крива Паланка 18, активни 8
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 9, активни 5
• Кочани 76, активни 16
• Пробиштип 32, активни 20
• Демир Хисар 5, активни 4
• Македонски Брод 8, активни 6
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 88, активни 81
• Кичево 65, активни 56
• Ресен 132, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)