Во ГОБ „8 септември“ од корона вирус почина 63-годишен пациент од Скопје, примен на болничко лекување на 6. мај како сомнителен на Ковид-19, а потврден позитивен еден ден подоцна.
Во изминатите 24 часа во МАкедонија се направени 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
– Скопје 16
– Куманово 2
– Прилеп 2
Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19. Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, починати се 113 пациенти, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.