Македонија 31. јануари 2020. / 14:22

Скапата облека на Боки 13 неколку дена стоела во камионче на паркингот на МВР

Скапата облека на Боки 13 неколку дена стоела во камионче на паркингот на МВР

Адвокатотот Сашо Дукоски укажа на неправилности при одземањето на гардероба од домот на Бојан Јовановски. Тој тврди дека не била направена никаква спецификација за какви точно парчиња станува збор и за кои марки и за една вреќа нема потврда за одземен предмет.

-Поради тоа ние сметаме дека ова е доказ стекнат на незаконит начин, вели Дукоски.

Тој објасни дека од претресот во станот се гледа само групна  фотографија на предметите кои потоа со камонче се носат пред паркингот на МВР а откако таму седеле неколку денови се однесени во Агенцијата за одземен имот.