До редакцијата на Инфомакс пристигна фотогорафија од Известување испратено во Управата за водење на матични книги, во Подрачното одделение Куманово, Подрачна канцеларија Крива Паланка.
Во скaндалозното известување раководителот им посочува на вработените дека при издавање на извод од матичната книга на родени, кај сите оние лица родени пред февруари месец 2019-та година, односно пред промената на името, наместо Република Македонија мора да стои обична коса црта.
За сите оние деца родени по февруари месец во графата државјанство задолжително ќе стои Република Северна Македонија.
Освен скандалозната содржина, раководителот очигледно нема познавање од македонски правопис.