Гостиварчани со поделени мислења за настанот на кој основци во придружба на наставници упатуваа војнички поздрав под турско знаме. Едни најостро го осудија овој чин, за други пак, ова е секојдневие, трети се без коментар, пренесува Сител.
Освен обезбедувањето, во училиштето немаше никој од вработените за,да ни одговори зошто организирале вакви активности и дали очекувале последици.
Настанот го осуди и Министерството за образование и наука.
Скандалозниот настан ќе биде под лупа на Државниот просветен ннспекторат.
Од општината велат дека директорот добил усна, но и писмена опомена од министерот за образование и наука.
Градоначалникот на Гостивар, Таравари, најстрого ги осуди ваквите акти, децата да се користат за политички цели
По фотографијата која се појави на социјалните мрежи, чинот го осудија и од Хелсиншни комитет.