Македонија 30. октомври 2019. / 12:43

Скандал: Претседателот на судот во Штип му забрани на портпаролот да дава изјави за Игор Спасов

Скандал: Претседателот на судот во Штип му забрани на портпаролот да дава изјави за Игор Спасов

Молк во штипскиот суд кој дозволи осудениот Игор Спасов да го напушти затворот и да користи боледување од една година и два месеца.

Портпаролот на судот, Јулијана Неткова, за Сител рече дека денеска новоизбраниот претседател на судот во Штип, Ѓорѓи Андонов, забранил да се даваат изјави за случајот. Судот во текот на денот ќе издал соопштение на својата интернет страница, вели Неткова, пренесува Сител.