Македонија 04. мај 2018. / 11:31

СЈО вчера влегло во ЈП „Македонска пошта“

СЈО вчера влегло во ЈП „Македонска пошта“

Тим на специјалното јавно обвинителство вчера влегло во ЈП „Македонска пошта“ каде според информации била побарана документација поврзана со предистражна постапка. Нашите информации говорат дека тимови на СЈО во текот на вчерашниот ден биле во посета и на неколку други институции од каде што прибирале информации.

Од СЈО ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата. Не е познато дали документацијата која била побарана е поврзана со работата на ЈП „Македонска пошта“ или станува збор за прибирање документација потребна за расветлување на други случаи.

Според информациите, истражителите на СЈО од ЈП „Македонска пошта“ документите ги барале од правната и финансиската служба на институцијата.