Македонија 26. октомври 2018. / 13:41

СЈО презентира докази креаирани на ексел фајл од 2017 година

СЈО презентира докази креаирани на ексел фајл од 2017 година

Денес во Основниот суд Скопје се одржа рочиште за предметот Траекторија, поврзан со градбата на автопатиштата кон Охрид и Штип.
Од страна на СЈО беа презентирани СМС пораки кои според СЈО биле разменувани помеѓу учесниците во проектот.

СМС пораките кои се содржеа во неколку ексел фајлови. Од самиот увид во фајловите денес можеше во судницата да се види дека во ексел документите може лесно да се менува нивната содржина, што е потврдено на самите документи на кои можеше да се види дека дел од фајловите се креирани од страна на СЈО на 30.5.2017 година, односно многу подоцна од кога СДСМ ги предаде смс пораките во СЈО и дека сите фајлови биле дополнително модифицирани на различни датуми после датумот на креирање. Со тоа целосно падна кредибилитетот на овие докази, бидејќи стана јасно дека СЈО ја менувало нивната содржина.

Со други зборови кажано, СМС пораките кој сакал ги менувал, крател, допишувал итн, без да може истото да се види дека е сторено.
На ова жестоко реагираше одбраната, и бараше од судијата камерата да го сними делот каде се гледа кога и како е креиран ексел документот.

Судијата Бошевски недозволи и нервозно се закани дека ќе ги казне адвокатите ако не запрат со барањата за снимање со камерата кон слајдот кој се прожектита на платното закачено на ѕидот.

Исто така можеше да се види дека компанијата ЦВЕ на 28.02.2013, значи 24 дена по истекот на утврдениот краен рок, на кој веќе еднаш доставиле понуда, надвор од процедура пратиле писмо (но не и понуда), со кое сакале средба за да извршат корекција на својата веќе дадената понуда. Бидејќи тоа би ја довело компанијата ЦВЕ во повластена положба, таквото писмо не било земено во предвид.

Можеше да се види дека голем број на луѓе и институции учествувале во проектот, како и тоа дека двете компании Синохидро и ЦВЕ доставиле свои финални понуди на ист ден во исто време на 4.02.2013 година.

Исто така видливо е дека владата многу се борела да издејствува поповолен кредит, а напорите биле вложени дури и на средбите со премиерот на Кина, се со цел да се заштедат средства во буџетот.

Инаку во овој случај Никола Груевски е обвинет дека влијаел да се изградат патиштата со цел да добие награда, а наградата според СЈО била да добие политички поени кај гласачите на следните избори, нешто што е нормално во секоја демократска земја и кај секој премиер и политичар. Секој премиер и политичар се труди да ги реализира ветените проекти и по можност тие да се завршат пред изборите со цел да го исполни даденото ветување. Во случајот дури и за тоа нема доказ, бодејки во наводен телефонски разговор со Миле Јанакиески, Груевски вели дека не за три, туку за две години добро е да се испланира градбата на патот. СЈО од ова извлекува заклучок дека тој рок се поклопува со следните редовни парламентарни избори кои требаше да се одржат во 2015тата, но се одржаа како предвремени во 2014тата.

На следните рочишта ќе се продолжи со изведување на другите материјални докази за предметот Траекторија.