Македонија 12. септември 2019. / 13:30

СЈО е подготвно веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази

СЈО е подготвно веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази на Јавното обвинителство.

Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – се наведува во соопштението од СЈО објавено на нивната веб страница.

Во соопштението се наведува дека постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

За останатите детали околу примопредавањето на предметите, од СЈО посочуваат ќе информираат дополнително.