Македонија 30. ноември 2020. / 18:15

Ситуацијата со Ковид-19 во затворите низ земјава е под контрола

Ситуацијата со Ковид-19 во затворите низ земјава е под контрола

Ситуацијата е под контрола и сите коишто пројавиле посериозни симптоми или им треба болничко лекување веднаш им е прекинато извршување на казната и се упатени на болничко лечење, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан за состојбата со КОВИД-19 во затворите, по денешната посета на КПД Штип.

Тој посочи дека во петокот ги соопштил информациите кои ги имал и дека повеќе детали може да има Управата за извршување на санкциите.

– Во тој момент имаше осум заболени затвореници во Идризово и околу 60 во изолација. Дел од тие затвореници за да може да се овозможи правилна изолација ќе бидат пренесени во други КПД установи за да се овозможи соодветен третман, изјави Маричиќ.