Македонија 28. октомври 2020. / 10:00

Сите заразени со Ковид-19 во Демир Хисар се без симптоми

Сите заразени со Ковид-19 во Демир Хисар се без симптоми

Во гостувањето во „Топ тема“ министерот за здравство Венко Филипче на прашањето зошто не се воведоа препораки и засилени рестрикции во најзагрозените општини, посочи дека бројките сами по себе не значат ништо, туку дека се земаат во предвид и други параметри.

-Бројката на новодијагностицирани пациенти од вкупните тестови не значи ништо, затоа што многу се битни епидемиолошките анкети. Каде се луѓето заразени, дали е ограничен кластер, во каква состојба се,дали им треба хоспитализација… Пример, во болницата во Демир Хисар од дваесетина дијагностицирани ниту еден немаше симптоми. Не може да ја тумачиме само бројката туку и останатите параметри. Согласно тоа се носат мерките. Свесни дека податоците укажуваат на тоа дека трансферот е поради групирање ние и така ги димензионираме мерките, порача Филипче.