Македонија 09. јуни 2020. / 20:15

Сите новозаразени во липковско Матејче се од едно семејство

Сите новозаразени во липковско Матејче се од едно семејство

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 12 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се од липковското село Матејче, а еден е од Куманово, информираше директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Тој посочи дека еден пациент од Куманово на 74-годишна возраст починал на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

Новозаболените од Матејче се од познат кластер, пошироко семејство, појасни доктор Љатифи и додаде дека меѓу нив има и четири деца на возраст од 10, 12, 15 и 17 години, сите асимптоматски.

 Денеска е извршено тестирање на 20 лица од општина Липково и на 30 лица од општина Куманово. Тестовите се направени по „Мој термин“, согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови, додаде Љатифи.