Македонија,Магазин 06. септември 2020. / 23:00

Сите македонски светители застапени во фрескоживопис на црквата „Свети Атанасиј“ во Брвеница

Сите македонски светители застапени во фрескоживопис на црквата „Свети Атанасиј“ во Брвеница

По завршените градежни работи за проширувањето на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница периодов интензивно се врши фрескоживописувањето на внатрешноста на храмот.

Сликањето го врши екипа предводена од уметникот и зограф, Дејан Кратевски, магистер по реставрација кој потенцира дека главна карактеристика на фрескоживописот ќе бидат сите македонски светители.

Во однос на програмата тука ги имаме предвидено за сликање сите македонски светители. И од нови, и од стари, од познати или помалку познати, условно кажано сите македонски светители бидејќи во некои извори се споменуват некаде како македонски, или пак родени во Македонија, па дејствувале во други места и така. Со сите македонски светители многу повеќе ја афирмираме и ја зголемуваме почитта кон нашите македонски светител. Со оглед дека црквата е посветена на Свети Атанасиј Велики ќе направиме житие, што мислам дека е многу ретко и релативно малку застапено во историјата на фрескосликарството, изјави зографот Кратевски.

Тој потенцира се почитува одлуката на црковниот одбор сите стари икони во олтарот да бидат зачувани и обновени.

Досегашниот фрескоживопис и иконостас е дело на зографот Данаил Несторов Фрчковски (1870-1950), една од најзначајните личности за македонското фрескоживописување, кој после балканските војни живее и работи претежно во тетовско и гостиварско. Ја има насликано соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово и многу други. Старите фреските и иконостасот ги извадивме и ги исчистивме, се реконструира и ќе се врати на место. Треба да се направат дополнителни два дела од иконостасот лево и десно и ќе бидат исти како стариот во истиот дух ќе бидат изведени. Фреските со оглед на годините беа доста оштетени им се прави ретуш и окрепување, објаснува сликарот.

Техника за сликање со која се служат Дејан и неговата сопруга Тања со која претежно работат е комбинацијата на пигмент (земјена боја) и жолчка од јајце.

Ова е стара техника и има подолга трајност и се смета за оригинална техника за фрескоживотопис во сите наши цркви кои ги сметаме за црковно наследство. Ккако стил на сликање е византиско сликарство. Се водам од старите наши цркви од Перивлепта, од Нагоричане, Лесново околу цртеж и колорит. Нашето фрескосликарство има особени белези кои трудам да ги запазам во целост, рече уметникот.

На горниот дел завршено сликањето на пантократорот со ангелите, а сега се работи на сликање на пророците.

Уште малку досега да се симне до основата на куполата и да се тргне скеле и да се стави лустерот. Над влезната врата има мозаик Свети Атанасиј кој веќе е поставен. Завршен е олтарот, купола и ѕидовите во новиот дел. Иконостасот зголемен и проширен. Сопругата работи на подните мозаици. Витражи ќе има на четири прозорци со што ќе самата прозрачност на витражот ќе го стопли просторот. Исто така вратата е наша оригинал резба и орнаментика, а витраж има и над двата прозорци над влезната порта. Мозаикот е од природен камен со техника опус те салатум (opus te salatum), истакнува Кратевски.

Црквата почна да се проширува во септември 2018 година со изградба на нови надворешни ѕидови кои потоа се споија со храмот во поголем објект. Предвидено е и ново хортикултурно и инфраструктурно уредување на дворот на црквата. Сите средства за обнова се донации од верници