Македонија 06. јуни 2018. / 15:38

Синот на тетката на Џеват Адеми станува државен функционер

Синот на тетката на Џеват Адеми станува државен функционер

Џемаил Јусуфи, син на тетката на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, е новиот менаџер на “Елем Турс“. Јусуфи доаѓа од Тетовскиот универзитет и со години работи како раководител на правните, административни и технички работи.

“Елем Турс” е подружница на акционерското друштво “Елем”. Таа е основана за да управува со рекреативниот центар “Попова Шапка”, хотелите “Попова Шапка” и “Славија”, скијачкиот центар “Копанки” и “Молика” во Пелистер итн.