Македонија 04. август 2020. / 18:42

Синдикатот за образование револирани од МОН: Сè ќе биде залудно ако наставниците не можат да ги спроведат предлозите

Синдикатот за образование револирани од МОН: Сè ќе биде залудно ако наставниците не можат да ги спроведат предлозите

Синдикатот за образование и наука изразува револт против Министерството за образование поради тоа што не ги вклучи во подготовката на новиот начин на предавање од септември заради пандемијата. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, вели дека сè ќе биде залудно ако наставниците не можат да ги спроведат предлозите.

Сметаме дека учениците треба да се поделат во групи. И работното време и програмата ќе биде скратени. Тие нема да можат да изгубат.Еден час да се скрати на 20 минути, и да се исполнат препораките за далечина, здравствените и образовните препораки и може да се реализира ефикасно предавање, сметаат директорите на повеќе основни училишта.

Министерството за образование предложи наставниот процес да се спроведе со скратени програми, да се скрати учебната година, да се намали бројот на ученици во училниците, да се работи во смени и да се реализира учење од далечина. Истите предлози веќе се разгледуваат во Комисијата за заразни болести. Конечната одлука за тоа како ќе започне новата учебна година 2020-21 година ќе биде објавена најдоцна до 10 август.