Македонија 18. септември 2020. / 13:09

Синдикатот на вработените во ЦУК бара поставување професионални кадри на раководните места

Синдикатот на вработените во ЦУК бара поставување професионални кадри на раководните места

Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи бара поставување професионалци и непартиски личности за директори и заменици во ЦУК, луѓе од сферата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.

– Со тоа професионално ќе се решаваат работите во органот на државата, а истовремено ќе се изедначи ЦУК, како орган на Владата, во поглед на поставувањето први луѓе на ЦУК, на пример, со Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Потоа и стандардот на вработените е потребно да оди во прогресија во тој поглед, се наведува во отвореното писмо од Синдикатот на ЦУК.