Македонија 03. ноември 2020. / 11:12

Синдикатот на полицијата до власта: Зошто ги заборавивте полицајците со ребалансот на Буџетот?

Синдикатот на полицијата до власта: Зошто ги заборавивте полицајците со ребалансот на Буџетот?

Зошто ги заборавивте полициските службеници?, реагира  Синдикатот на полицијата во Македонија откако СДСМ се пофали дека се грижи за здравствените работници вклучени во борбата со коронавирусот.

Оттаму ја поздравуваат одлуката на Владата за покачување на платите во здравството за 10 отсто, но како што велат она што ги загрижува како Синдикат е тоа што веруваат дека во еден момент немало вработен во Полицијата а да не се чуствува барем во овие неколку дена вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен а некој и покрај се му го вреднува трудот доколку добиле убава вест. Но не е така за жал.

Оттаму констатираат дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата.

Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од Министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?, се наведува во реакцијата на синдикатот на полицијата.

Сметаат и веруваат дека им е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените, како што велат, НИШТО денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот.

Синдикатот на полицијата најостро се спротивставува и реагира до Владата и Собранието и бараат да се  преиспита нивното барање и во најбрз можен рок да се исправи нанесената неправда нанесена сега и пред извесно време на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Веруваме дека сите заедно ќе смогнете сила и без разлика на политиките ќе ја донесете сите заедно оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ“. Зошто да нема покачување на платите во Полицијата? ЗОШТО? Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. Вие сте на потег!, се вели во реакцијата на полицијата.