Синдикатот на културата (СКРМ) и СОНК испратилее опомена пред тужба до Министерството за култура, поради тоа што до 10 – ти овој месец не е исплатена плата за јули во институциите од оваа област, како што е предвидено со Колективниот договор потпишан на 30.12.2019 г. и објавен во Службен весник бр. 10 од 16.01.2020 г.
Од двата синдиката објаснуваат дека со член 130, одредбите за плата од членови 65 и 66 требаше да стапат на сила најдоцна до 01.07.2020 година, а според член 63 платата се исплатува најдоцна до 10-ти во месецот. Но, иако по состанокот во Владата на 06.07.2020 година, Министерството за култура на својата веб страна објави дека ќе ги почитува одредбите и дури испрати и допис до институциите со налог за пресметка на платите согласно колективниот договор, сепак до денес платата не е исплатена во институциите од културата.
Ја известуваме јавноста дека со член 131 од Колективниот договор за култура повеќе не важат одредбите за плата од досегашните колективни договори на ниво на установи така што не постои ниту една друга опција за законска исплата на платите во културата освен во согласност со гранскиот Колективен договор“, стои во соопштението.
Во опомената пред тужба до Министерството за култура се наведува рок до 25овој месец да ги исплатат јулските плати, бидејќи во спротивно ќе покренат колективен судски спор согласно Законот за работните односи.
Исто така, од синдикатите им се обраќаат и на сите директори на институциите во културата дека доколку ги прекршат одредбите за плата од колективниот договор, исто така ќе против нив ќе поведат индивидуални судски спорови.