Македонија 25. август 2020. / 15:10

Силјaновска: Времето пред избор на владата наликува на време пред да се нахранат животните во зоолошкa

Силјaновска: Времето пред избор на владата наликува на време пред да се нахранат животните во зоолошкa

Времето пред избор на новата влада наликува на време пред да се нахранат животните во зоолошка, има многу гладни, оцени пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова за предлогот Собранието да има 5 потпретседатели, на продолжението на втората собраниска седница.

Таа побара бројот на потпретседатели во собранието да се намали на двајца.

Претходно не помина предлогот на Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да се симне точката од дневен ред за избор на 5 потпретседатели на парламентот.