Македонија 10. април 2019. / 20:04

Сиљановска: Сите јавни службеници да полагаат државен испит, па да видите кој е квалификуван и стручен

Сиљановска: Сите јавни службеници да полагаат државен испит, па да видите кој е квалификуван и стручен

Во секоја книга пишува дека без квалификувана, стручна, компетентна и посветена на граѓаните државна и јавна администрација не успеала ниту една реформа, рече вечерва од Бутел кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, додавајќи дека администрацијата е најважната гранка и костурот во секоја држава.

-Многу би сакала како во Естонија да направиме една експертска комисија, која ќе ги подведе сите државни и јавни службеници на полагање на државен испит, па да видите кој е квалификуван и кој е стручен во нашата администрација. Таму има прекрасни луѓе, кој го носат товарот, но најголемиот дел од нововработените се нивните војници, послушници, луѓе кои завземаат места, а не работат, кои ги трошат народните пари, војска за гласање…, рече Силјановска Давкова.