Кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.
При посетата, Силјановска Давкова посочи Кичево за нејзе е град кој што има посебно место во нејзиното срце.
-Јас сум горда на моите корени. Ми претставува задоволство што сум овде денес, на овој голем празник. Би сакала да ви го честитам празникот и да посакам многу љубов, среќа и разбирање- изјави Силјановска.
Силјановска додаде дека Македонија заслужува промени. Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот.