Процедурата за влез во НАТО сѐ уште не е завршена, па оттаму и кревањето на знамето НАТО е лажирање на стварноста, смета професорката Гордана Силјановска која е еден од кандидатите за иден претседател на држаата.
На својот Фејсбук профил Силјановска меѓу другото вели:
„Владата денес се обиде да ја лажира стварноста, истакнувајќи го знамето на НАТО. Бидејќи процедурата сеуште трае денешниот чин нема никаква врска со членството во НАТО, туку со преименувањето на државните институции.
Одсуството на претседателот на Македонија е непочитување на протоколот и неправда кон институција на државата.
Ваквиот чин нѐ прикажува како незрела и несериозна држава, напиша професорката, оценува Силјановска.