Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вечерва зборуваше на митинг пред струмичани. Струмица, рече, прво ја асоцира на поранешниот претседател Борис Трајковски и на фудбалерот Горан Пандев.
–Од негативното асоцијација ми е Струмица и на родното место на политиката и на филозофијата наречена заевизам – рече таа.
Силјановска во својот говор се задржа на промената на името и праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.
–Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати – додаде таа.