Македонија 02. јуни 2020. / 12:31

Силјановска: Партиските глумци лекомислено работат на спектаклот „Опасни избори“

Силјановска: Партиските глумци лекомислено работат на спектаклот „Опасни избори“

Професорката Гордана Силјановска Давкова реагира дека во земјава голем број функционери во државни институтции коишто треба да бидат независни и еднакви за сите граѓани, се вклученио во партиски активности и водат кампања.

Како што вели Силјановска тоа се прави под диктат на високи партиски функционери на СДСм, кои ги злоупотребуваат државните институции во нивните подготовки и инсистирање на одржување избори опасни по јавното здравје.

Партиска држава. Во која демократска држава, директорка на УЈП, наместо да биде синоним за независност и професионалност, води кампања на партиски собири и снима автобиографски филм среде службен простор? Во онаа во која партиски филмови, на државна сметка снимиле: Спасовски, Шеќеринска, Царовска, под режисерската палка на г-дин Петров! Можеби затоа, ПАРТИСКИВЕ ГЛУМЦИ не се слезени од некои телевизии, небаре копродукциски куќи им се! Лекомислено работат на спектаклот „Опасни избори“! – пишува Силјановска.