Македонија 22. април 2019. / 22:43

Сиљановска од Гази Баба ги повика граѓаните да и ја дадат поддршката и во вториот круг

Сиљановска од Гази Баба ги повика граѓаните да и ја дадат поддршката и во вториот круг

Кандидатот за претседател, Гордана Сиљановска Давкова денеска беше во посета на општина Гази Баба каде што оствари средба со жителите на општината.

На средбата Сиљановска Давкова изрази огромна благодарност за укажаната доверба од страна на граѓаните на првиот круг од претседателските избори, каде што освои повеќе од 6.000 гласа од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.

Сиљановска Давкова ги повика сите граѓани да излезат на вториот круг од претседателските избори на 5 мај и повторно да и ја дадат поддршката се со цел да ги поразат сите ненародни и штетни политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев, се наведува во соопштението.