Македонија 24. April 2019. / 17:29

Силјановска: Невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот како што е невообичаено е да видите премиер и министер за внатрешни работи во кампања

Силјановска: Невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот како што е невообичаено е да видите премиер и министер за внатрешни работи во кампања

Почна вториот дел од кампањата, пред клучниот дел 5-ти мај она што го забележувам е очекувана, логична и силна нервоза кај власта. Зошто резултатот е загрижувачки, опоменувачки, во друга земја можеби власта веднаш би рекла дека не го поминала тестот и дека е спремна да распише предвремени парламентарни избори, истакна кандидатот за Претседател Гордана Силјановска Давкова во денешната изјава за медиумите.

Силјановска истакна дена невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот како што е невообичаено е да видите премиер и министер за внатрешни работи во кампања.

– Јас веќе тоа го напоменав и уште еднаш го споменувам и уште поневообичаено е да гледате драми со метли особено што за метлите слушавме многу порано но никој не смете ништо. Ги слушавте дека има високи функционери во владата уште пред изборите што заслужуваат да си заминат. Мислам дека и тоа е трагикомично. Се разбира јас ја продолжувам трката во потрага по гласовите на неопределените, на оние од бојкотирам, на оние кои можеби со право се оддалечиле од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период, но сега гледам дека се враќаат. Зошто се враќаат? Сигурно не заради можните привилегии туку за да помогнат во реформскиот процес.

Јас цврсто верувам дека партиите не се реформираат на телевизија, внатре се реформираат околу нов статут, нова програма, малку од научени лекции и околу реформи. Самата го видов во Брисел признанието на Европската народна партија на реформските процеси и верувале или не, тие и во моето кандидирање гледаат почеток на реформи. Јас ќе се држам до својата програма без оглед на тоа кој ќе застане зад мене, а мојата програма почнува и завршува со правна држава, со владеење на правото- додаде Силјановска.