Македонија 08. јули 2020. / 18:30

Силјановска на дигитална средба со ОБСЕ: Да се обрне внимание на неправилностите пред и во тек на кампањата

Силјановска на дигитална средба со ОБСЕ: Да се обрне внимание на неправилностите пред и во тек на кампањата

Носителот на листа во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова оствари дигитална средба со преставници на мисијата на ОБСЕ за набљудување на изборите предводена од Лаима Адрикиене и Дариа Папроцка.

Во разговорот истакнав дека мисијата која има задача да утврди дали изборите ќе се спроведат со почитување на меѓународните стандарди и на критерирумите на ОБСЕ треба посебно да обрне внимание на неправилностите пред и во текот на изборната кампања – напиша Силјановска во објавата на Фејсбук.