Македонија 30. април 2019. / 14:42

Сиљановска ќе готви за социјално загрозени лица

Сиљановска ќе готви за социјално загрозени лица

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска од 15 часот заедно со нејзиниот тим, ќе подготвуваат оброци за лица кои се социјално загрозени и од ранливи категории.

Таа ги повика сите граѓани, доколку се во можност да донесат намирници, но и да помогнат при подготовка на оброците.

Неколку пати се обидовме да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да започнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам Претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности, вели Сиљановска.