Професорката Гордана Сиљановска, откако денеска Македонија не доби датум за почеток на преговори преку Фејсбук му испрати порака на Зоран Заев.
Во април о.г. изјавив: „..не верувам ниту дека во јуни ќе добиеме покана. Во ЕУ се влегува со исполнување на Копенхагеншките критериуми, а тие значат владеење на правото, либерална компетитивна просперитетна економија, независно судство, жестока борба со криминалот и корупцијата, деполитизација и департизација на администрацијата, слободни и независни медиуми, напиша Сиљановска на Фејсбук.